Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 27.04.2023 година до 15:00 часот, адресирани до Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/08/290)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).
Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на следниот линк.
Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: simona@farmahem.com.mk најдоцна до 13.04.2023 година.
Програмската активност „Изработка на стратегија за комуникации со јавноста и развој на визуелен идентитет за Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“ се спроведува во рамки на Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.