ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ, со предмет: „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА И РАЗВОЈ НА ВИЗУЕЛЕН ИДЕНТИТЕТ ЗА ПРОГРАМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИ НА НИВО НА ПРЕДЕЛ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН“

Краен рок: 16.11.2023 година, Референтен број: 03/08/955

Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 16.11.2023 година до 15:00 часот, адресирани до Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/08/955)”. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на линк. 

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: simona@farmahem.com.mk најдоцна до 03.11.2023 година.

Програмската активност „ Изработка на стратегија за комуникации со јавноста и развој на визуелен идентитет за Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан “ се спроведува во рамки на Програмата за управувањето со пожари на ниво на предел во Западен Балкан, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Translate »